Додавање слика на профилКако можам да додадам слика? - Се најавуваш, креираш свој албум, и додаваш слики во него од твојот компјутер. Кои формати на слики се дозволени? - Дозволени формати на слики се: JPG, GIF и PNG. Препорачуваме слики во JPG формат. Мојата слика не е во JPG формат, како да ја направам JPG? - Потребно ви е некој програм за таа намема, како на пример: Photoshop, Corel Photo-Paint, GIMP, Paint и слично. Ми јавува грешка или долго време се прикачува сликата? - Твојата слика е многу голема или е во недозволен формат. Дали може да ја избришам додадената слика? - Секако дека може. Од својот профил избирате "Фотографии" потоа својот албум и од албумот ја избирате фотографијата, за крај избирате "Избриши фото". Зошто мојата слика е одбиена? - Поради прекршување на правилата на сајтот. Моите слики се злоупотребуваат без моја дозвола. - За такви ситуации контактирајте со нас на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
или директно преку контакт формата. Кој е одговорен за сликите? - МК ЗАБАВА не одговара за несаканите последици.
Најавување и Регистрација
Зошто не можам да се најавам? - Да не сте банирани? Ако сте се регистрирале (а не сте банирани) проверете дали сте ги внеле точно корисничкото име и лозинката. Дали го активиравте вашиот налог на активациониот линк испратен на вашиот е-маил? Во случај да е се точно тогаш контактирајте со нас и ќе се обидат да го отстранат проблемот. Зошто воопшто морам да се регистрирам? - Не морате. Меѓутоа со регистрацијата ќе добиеш пристап до други бенефиции кои не можат да ги користат гостите. Тоа се на пример аватар слики, лични пораки, испраќање на е-маил до други корисници, членство во групи и.т.н. Си ја заборавив мојата лозинка! - Вашата стара лозинка не може да ви биде вратена. Кликнете на "Заборавена лозинка?", следете ги инструкциите и ќе добиете нова лозинка. Кога се обидам да пристапам до профилот ми јавува 404 error page! - Најчестиот проблем е користење на невалиден карактер, како на пример (точка). Пријавете ги ваквите профили за да се отстани проблемот.
...
|